Теракамп во Струга
Тимот на организацијата „Фронтера“ Македонија, ќе организира активности со два различни настани, наменети за млади луѓе на возраст од 20 до 35 години, кои се од Охрид, Струга и поширокиот југозападен регион и кои сакаат да придонесат кон позитивни промени во својата заедница.
Тимот на организацијата „Фронтера“ Македонија, ќе организира активности со два различни настани, наменети за млади луѓе на возраст од 20 до 35 години, кои се од Охрид, Струга и поширокиот југозападен регион и кои сакаат да придонесат кон позитивни промени во својата заедница.
Цел на настанот е формирање заедница на млади луѓе, тренери и експерти кои ќе помогнат и ќе пружат поддршка во започнувањето на заеднички бизниси или кооперативи во југозападниот регион на Република Македонија. Нашата програма е интензивна, амбициозна и забавна. Таа се состои од две главни активности, на кои работен јазик е македонскиот јазик.
– На 12 мај, повеќе од 100 млади луѓе од Струга, Охрид и поширокиот југозападен регион на Македонија ќе се соберат во Охрид за целодневна програма, која вклучува дискусија и работа во групи. Во вториот дел од денот, водени од искусни готвачи, учесниците ќе се вклучат во подготовка и поставување на заедничка вечера во село Велестово, над Охрид. Храната, обичаите и препознатливите јадења поврзани со овој регион се призмата низ која ќе зборуваме за предизвиците и можностите во нашите заедници.
– 30 од стоте учесници на вечерата ќе бидат избрани за учество во Теракампот за социјалнo претприемништво, којшто ќе се одржи од 13 до 15 мај во хотел Солферино, во Струга. Одбрани врз основа на нивните индивидуални идеи за локални иницијативи или бизниси од социјален и одржлив карактер, во рамките на тридневниот тренинг, под водство на искусни тренери и експерти, учесниците на Теракампот се очекува да формираат тимови со кои понатаму ќе ја развиваат и спроведуваат заедничката идеја.