Skip to main content

Теренско ДДСТ тестирање за ХИВ

„Некои работи стануваат секојдневие. Направи ХИВ тест“ е мотото под кое во Охрид продолжува теренското ДДСТ тестирање.

 |  Крсте Голабовски  | 
Crven Krst„Некои работи стануваат секојдневие. Направи ХИВ тест“ е мотото под кое во Охрид продолжува теренското ДДСТ тестирање.

Целта на ваквиот начин на тестирање е да се зголеми свеста кај целото население за потребата од редовно ХИВ тестирање.

Една година како на територијата на Охрид и Струга се спреведува теренското ДДСТ тестирање за ХИВ. Овој вид на тестирање претставува една од ефективните активности за превенција на појава и ширење на ХИВ инфекцијата помеѓу популацијата. Комбето во кое се спроведува тестирањето доаѓа на различни локации, два пати месечно. Тестирањето е теренско, што значи се излегува на терен, се напуштаат канцелариите. Доброволно е, односно се прави само со целосна согласност на испитаникот. Покрај тестирањето, истотака се нуди и правилно информирање за ХИВ инфекцијата како и правилно разбирање на резултатите од ХИВ тестот. И можеби најважниот момент е доверливоста на самото тестирање.

Во Охрид теренското тестирање се спроведува во организација на НВО „Опција“ во соработка со „Советувалиштето за ХИВ и СИДА“ кое функционира во склоп на центарот за ЈЗ во Охрид. Инаку теренското тестирање во Охрид и Струга за ХИВ и започна во април 2009 година, додека последниве неколку месеци се врши тестирање и за Хепатит Ц како една од болестите кои се пренесуваат преку крв или сексуален контакт. Станува збор за организиран и јасно структуриран систем на препраќање и дијагноза, соодветен третман, грижа и поддршка во случај на ХИВ инфекција.

Со теренското тестирање за прв пат во Македонија се започнува во 2007 година, со цел да дигне стигмата и зголеми свеста не само кај ранливите категории туку и кај целото население воопшто. Бројот на лицата кои се тестираат преку стационарното ДДСТ е многу мал во споредба со бројот на лицата кои се тестираат преку теренското ДДСТ. Само за информација на територијата на Охрид и Струга од април 2009 до сега се тестирани 142 лица со теренското ДДСТ, речиси двојно повеќе од бројот лица кои се тестираат преку стационарното ДДСТ.

Целиот процес на ДДСT е целосно бесплатен и без потреба од никакви упати или плави картони. Од самата појава на епидемијата на СИДАТА па досега, во Охрид се регистрирани 5 случаи на заболени од , од кои два се во 2008 година. Во 2009 година нема ни еден регистриrан заболен. На ниво на држава се регистрирани 123 случаи, а а 50% од нив се во последниве 5 години.
{loadposition content}