Tешка сообраќајна несреќа во близина на Велешта
Tешка сообраќајна несреќа во близина на Велешта.
Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта.
Сообраќајната несреќа се случила во момент кога мини бус со струшки регистарски таблици кој сообраќал и вршел превоз на патници на релацијата Лабуништа-Струга изгубил контрола над возилото и скршнал на спротивната лева коловозна лента при што со предниот дел удрил во левата страна во моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски таблици.
Осум патници се префрлени во општата болница во Струга и кај нив се констатирани лесни телесни повреди. Tројца од патниците се во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, од кои едниот е со тешки телесни повреди, а за другите двајца сеуште се чека лекарскиот наод за карактерот на здобиените повреди.
На местото на сообраќајната несреќа извршен е увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.
{loadposition content9}