Skip to main content

Тешка кражба на дрзок начин во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од  Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 
struga policiska stanica
струга полициска станица

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од  Струга.

На 28-ми јануари оваа година, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40.ооо,оо денари што ги пронашол во касата.

oblozuvalnicaТоа го направил одкако од страна на вработените во спортската кладилница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот на кладилницата кој, по извршената проверка му соопштил дека се работи за недобитен тикет.

Тогаш, А.Н. ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да ги одземе парите и да избега од местото. По кратко време,  полициските службеници кај него пронашле и со потврда му одзеле 39.000 денари.

По дополнително извршените проверки, констатирано е дека спортскиот тикет бил со недобитна комбинација.

{loadposition content9}