Тевдовски: Целосно транспарентен процес во јавните набавки
Новиот закон за јавни набавки кој е во тек на изработка треба да ја зајакне транспарентноста и контролата на постапките а истовремено да ги направи поедноставни и полесни за имплементација. Ова го истакна министерот за финансии Тевдовски на денешната втора инфо сесија за реформи во јавните набавки која што се одржа во Струга.
Со цел да имаме Закон за јавни набавки кој ќе биде квалитетен, донесуваме нов закон кој ќе биде применлив и прифатлив подолго време, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната втора дебата за реформите во јавните набавки која се одржа во Струга. Според него значајни промени во насока на надминување на утврдените слабости во системот на јавни набавки предвидува новиот предлог закон, посочувајќи дека наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените како критериум за најповолна понуда се поставува „економски најповолната понуда“, односно најдобар однос помеѓу цената и квалитетот .
„Покрај цената да се вреднува и квалитетот при тоа договорниот орган зависно од предметот на набавката самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена исплатливоста врз основа на животниот век на производот или некоја комбинација или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Во минатото електронските аукции даваа добри резултати во некои случаи, но во одредени постапки доведоа и до незаконско договарање на понудувачите и нереален пораст на цените во отсуство на вистинска конкуренција“.
Тука сме со цел да помогнеме како економските оператори полесно да учествуваат на јавните набавки, истакна диртекторот на Бирото за јавни набавки Ѓорги Георгиевски. Прифатени биле повеќе забелешки од минтото, корегиран бил новиот предлог нацрт закон посебно во декот на е – аукциите, најниската цена, во делот на поднесување жалби, додаде Георгиевски.
„Новиот закон може да донесе исто така на фирмите кои во иднина ќе учествуваат на странски тендери бидејќи вршиме усогласување со европските закони да биде доста олеснето. Се надеваме дека ќе изработиме добар закон дека законот ќе остане подолго време со цел да има правна сигурност бидејќи досега многу често се менуваше“.
За претставниците на бизнис заедницата ваквите средби се одлична можност нивните забелешки да финализираат со конкретен пишан став што ќе содржи конкретни препораки како да се уреди процесот на јавните набавки.
„Многу фирми сметаат дека има потреба од донесување на подзаконски акти кои што ќе го регулираат постапувањето на договорните органи по однос на овие процеси. Како тоа ќе биде спроведувано! Ние во пракса најголем проблем беше како договорните органи практично ќе го спроведуваат законот, бидејќи едно е законот друго е начинот на кој ќе се спроведува, посебно во ситуација каде што има многу новини, како електронскиот регистар итн“.
Настанот е дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, што го спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ со стопанските комори во државава, во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки на РМ.