The afterlife of plastic dragons
Млади во акција, успешно го затвори проектот за млади The afterlife of plastic dragons, со надеж дека после оваа младинска размена ќе бидат поотворени кон правење мали чекори во секојдневието до позелен поубав живот.
Млади во акција, успешно го затвори проектот за млади The afterlife of plastic dragons, со надеж дека после оваа младинска размена ќе бидат поотворени кон правење мали чекори во секојдневието до позелен поубав живот.
Главната идеја на овој проект е да обезбеди што повеќе информации за младите луѓе за еколошките прашања, случувања и состојби, да ја зголеми нивната еколошка емотивна поврзаност со оглед важноста да се грижат не само за својата околина туку и планетата во целост како и изнаоѓање начин за ефикасно и ефективно справување со глобалните предизвици околу нас и ја согледаат поврзаноста на бројните постоечки проблеми кои дирекно или индирекно влијааат и придонесуваат за уништување на околината, животната средина која пак е во тесна врска со глобалните климатски промени кои пак од друга страна се една од главните причини за миграција.
Ваквата младинска размена е производ на заедничка соработка од различни делови на Европа кои се соочуваат со слични и различни еколошки проблеми и кои се трудат истовремено да го поттикнат и задржат интересот кај луѓето во областа на екологијата и воедно да научат повеќе за самата Еразмус плус програма и можностите за младите која ги нуди.
Толку повеќе ќе овозможи младите да видат дека нема лесни решенија за постоечките еколошки нарушувања околу нас, но сепак неопходно е да се најдат истите и понатаму се применуваат добри практики.
Во текот на овие 9 дена od 12 do 20 февруари, учесниците изработија електронски магазин, рециклираа материјали од пластика која ја собраа чистејќи го крајбрежјето, направија он лајн брошури, мотивациони видеа поврзани со екологија преку неформално образование, креативни работилници, пријатна атмосфера и тимска работа.
Гости на проектот беа нашите пријатели од ОУ Јосип Броз Тито, дел од наставниот кадар и тамошното раководство заедно со околу 40 дечиња, два класа во четвртто одделение кои имаат можност со нашите учесници од Естонија, Бугарија, Романија, Хрватска и Македонија да поминат прекрасно попладне, исполнето со едукативни игри, креативни работилници видео материјали со цел да се запознаат со важноста на рециклирањето и секојдневна примена на добри навики и практики во зачувување чиста и здрава животна околина.
На нашите поддржувачи и соработници, им доделивме скромно но искрено Благодарам ставено на хартија за својот особен придонес и интерес. Директорот на ОУ Јосип Броз Тито, Тони Савески, понатаму Милка Кочоска и Татјана Лазороска, наставен кадар од истото училиште како и Владимир Жупан претставник од Локалната самоуправа Струга.
Вкупно учествуваа 42 младинци на возраст од 18 до 26 години од горенаведените земји.