По повод 20 Мај, Денот на Пожарникарите, како и 8 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина во Струга се одржа Симулациска вежба “Евакуација на ученици во случај на собраќајна незгода со последица пожар”. Вежбата се одржа во просторот на СОУ Др Ибрахим Темо и СОУ Нико Нестор Струга.
Во реализацијата на оваа активност, свој придонес дадоа волонтерите од Црвен крст со два тима кои симулираа реанимација како и изгореници од настанатиот пожар, спасување и евакуација на повредени лица во школски автобус.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во самата работна организација како и успешниот настап од страна на пожарникарите кои го спремаа теренот за пристап на волонтерите на Црвен крст.
Вклучени во оваа акција беа ПС Струга и ЈЗУ Општа болница Струга.