Skip to main content

Општина Вевчани

Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори”

Отворањето на поставката ќе се одржи на 22 март 2024 година со почеток во 13 часот.
 |  инфодеск  | 

Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” ќе биде поставена во Мултикултурниот центар Коста Србакоски во Вевчани.

Отворањето ќе се одржи на 22 март 2024 година со почеток во 13 часот.

На свеченото отворање ќе се обратат Градоначалникот на Општина Вевчани г-н Спасе Кочовски, Извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска и г-ѓа Мирјам де Конинг, директорка на Prespa Ohrid Nature Trust.  

Трајната поставка има за цел промоција на природните богатства на Споменикот на природа Вевчански Извори и е изработена од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.