Skip to main content

Општина Дебрца

Требеништа добива парк и детско игралиште

Деновиве започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон.
 |  Голабовски Крсте  | 
игралиште
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Деновиве започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел. Изградбата на овој Парк ќе доприенесе за подобрување на социјалната свера на делување во заедницата, го подобрува соцо-економскиот аспек ја подобрува комуналната свера, го подбрува квалитетот на испорачување на услугите кон ѓраѓаните, ја потикнува спортската активност кај најмладите и начините за водење на здрав живот и нај важната активност е запирање на трендот на иселување село-град односно уредување на руралните центри на ниво европските рурални центри.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Со зафатот за уредување на овој простор се предвидува изградба на пешачки патеки, осветлување, изградба на детско игралиште со поставување на детски реквизити играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се уредил моменатлно запуштениот простор кој воедно и го нарушува изгледот и на околните објекти како и спорската сала во непостредна близина, при што по уредувањето би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.

Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за „Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП).

Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои 1.953.909,00 мкд средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца.