Skip to main content

Третман или тортура за лицата лишени од слобода

Покрај Народниот правобранител, единствено друго тело кое има увид во институциите кои се затворени за јавноста како што се затворите, казенено-порправните домови и психијатриските болници е Комитетот против тортура на Советот на Европа.

 |  Крсте Голабовски  | 
dr Vladimir Ortakov
Др.Владимир Ортаков

Моментално во затворите во Македонија има околу 2.300 затвореници, а капацитетите се за 30% помали од потребно, велат податоците на Управата за извршување санкции во Министерството за правда. Во земјава пак има и над 2.000 душевно болни лица.Присилна хоспитализација, недоволна грижа спрема болните, неинформираност и кршење на правата на пациентите, тоа пак е реалноста во психијатриските болници во Македонија, велат од канецеларијата на Хелсиншкиот комитет во Македонија.

Покрај народниот правобранител, единствено друго тело кое има увид во овие институции, а кои се затворени за јавноста е Комитетот против тортура на Советот на Европа.Тело кое смее да ги посети сите места каде се сместени лица лишени од слобода, може приватно да ги интервјуира и да утврди што на овие луѓе им се случува, а чијашто крајна цел е да ги заштити нивните човекови права, вели претставникот од Македонија во ова тело, Др.Владимир Ортаков.

„Можам да кажам дека она што е објавено во 2008 година е нешто постра критика за нашите затвори, но со тек на време се направија  ад хок посети, посебно во доменот на на затоворите, посети кои налагаат да се сменат работите“, вели Др.Ортаков.

zatvorОвој комитет уште е наречен и надворешни очи. Ортаков вели дека системот на посети од страна на Комитетот против тортура на советот на Европа се состои од посети кои регуларно се одвиваат во сите држави кои се членки на Советот на Европа и тоа на секои четири години. Тогаш, додава Ортаков се покриваат поголем број институции, како што се полициски станици, затвори, психијатриски болници и социјални домови за лица со ментална попреченост. Но ваквите посети не се и единствените.

„Меѓутоа постојат и ад хок посети кои се прават по потреба ако условите го покажат тоа, после тие псоети ние дискутираме за тоа што се случува, па така може во оедна држава да се направи посета  на годишно ниво или на 6 месеци, се додека не утврдиме дека нашите забелешки не се имплементирани, информира Др. Ортаков.

Потоа, следејќи го правилото на доверливост Комитетот доставува извештај до владата на земјата во која се посетите се извршиле. Доколку државата не соработува или одбива да ја подобри ситуацијата согласно препораките на комитетот, истата ќе биде јавно прозвана. Иако почитувајќи го правилото на доверливост и како македонец кој е дел од овој комитет Др.Ортаков нема мандат да зборува за ситуацијата во нашата земја, сепак само за илустрација за тоа каква е ситуацијата во нашите иснтитуции од овој тип зборува информацијата дека, пред речиси една година македонскиот Хелсиншки комитет за поедини случаи најави тужба за државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.

{loadposition content9}