Skip to main content

Трговија со луѓе постои

Внатрешната трговија со луѓе завзема се поголем замав во нашата земја.

 |  Николоска Биљана  | 
pamflet
памфлет

Криминалците се секогаш чекор напред. Најголем број жртви доаѓаат од источниот во западниот дел на државава. Досега во земјава се изречени околу 8 кривични пресуди за овој тип на организиран криминал. Под мотото „Не претворај го сонот во пекол“, денес сојузот на жени „Езерка“ од

sredbaСтруга на маса ги седна повеќето  релевантни фактори кои директно влијаат во борбата против трговијата со луѓе. Владата на Р. Македонија на сојузот на жени „Езерка“ им довери проект за борба против трговијата со луѓе. Овој вид криминал важи за еден од најсуровите со кој се крши човековото право, каде жртвата е најтешко погодена, вели претседателката на Сојузот на жени „Езерка“, Драгица Попоска. Таа додава дека мора постојано да се превенира и да се едуцира младата популација како да го препознаат тој криминал.
Пограничните градови се на удар за откривање на криминалците на трговија со луѓе, но потеклото на овој криминал не е од таму, велат од Министерството за труд и социјална политика. Претставникот на ова министерство, Елена Грозданова истакна дека во рамките на нивното делување спаѓа само превенцијата и заштитата на жртвата, додека пак МВР е дирекно вклучено во акциите за откривање на сторителите.
Иако пограничните градови Струга, Битола, Гевгелија Струмица и др. се најсензибилни кон овој проблем во Струга во Центарот за социјални работи досега не се соочиле ниту со жртва, ниту со сторител на организиран криминал на трговија со луѓе. Директорот на центарот дава подршка на денешната дебата во Струга.
Сојузот на жени „Езерка“ Струга подршка има и од пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Комисијата за еднакви можности ќе се ангажира и во борбата со трговија на луѓе, изјави Затуроска. Таа  годинава очекува ваквите трибини да придонесат во борбата против најголемиот криминал кој е присутен насекаде во светот.
„Станете славен модел“, „Збогати се брзо и лесно“, „Почнете нов живот во странство“, се популарни изрази на криминалците што ги употребуваат со цел да дојдат до жртвата. Препознајте ги и одбегнете порачуваат од „Езерка“. Сојузот на жените од Струга веќе имаат целна група од 720 ученици каде ќе држат предавања а исто така имаат двојазично отпечатено разни брошури, и флаери со цел превенција, препознавање и едукација на потенцијалните жртви на трговија.


{loadposition content9}