Skip to main content

Три посебни единици, спас за МЈП „Проаква“

Претпријатието е во лоша состојба. Ниту претходниот ниту сегашниот министер за финансии немаат доблест да го решат овој проблем за да се надмине состојбата во претпријатието, сметаат градоначалниците на Охрид, Петрески, и на Струга, Мерко.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Претпријатието е во лоша состојба. Ниту претходниот ниту сегашниот министер за финансии немаат доблест да го решат овој проблем за да се надмине состојбата во претпријатието, сметаат градоначалниците на Охрид, Петрески, и на Струга, Мерко.

водоводРеорганизација е решение за МЈП „Проаква“. Таа е одобрена од страна на двата совети на општина Охрид и Струга уште пред година и половина. Всушност ова е и заеднички став на двајцата градоначалници на соседните града. Факт е дека  колекторскиот систем е единствениот меѓуопштински дел каде двете локални имаат заеднички допирни точки во рамките на претпријатието, сметаат градоначалниците Александар Петрески и Рамиз Мерко. Од друга страна пак водоводот и канализацијата се посебна приказна за двата града и секоја локална самоуправа сама знае како најдобро да се справи со проблемите, смета градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко.

Легитимно е барањето за реорганизација на МЈП „Проаква“, и така требаше да биде уште на почетокот од работата на ова претпријатие, рече Петрески. Факт е дека „Проаква“ не работи како што треба, додава тој.

Оваа проблематика години наназад се провлекува а претпријатието тоне. Иако првиот човек на МЈП  „Проаква“, Бранислав Трпчевски максимално вложува напори да се надмине состојбата, градоначалниците треба да направат уште поголем притисок на централната власт за реорганизација на три единици со тоа што колекторскито систем би се издвоил како меѓудржавно претпријатие бидејќи и Албанија е вклучена во целиот процес на заштита на езерото.

{loadposition content9}