Шумската и Граничната полиција на терен – прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга, објави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга бил контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.
-За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземено од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга, информира министерот Трипуновски.
Министерот најавуви зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми. Додава дека надлежните здружено ќе се вложатза стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво во борбата против нелегалната сеча на дрвата.