Во чест на Вевчанскиот непокор под мотото „Терчаме непокорни и горди“ во сабота во Вевчани ќе се одржи Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани.
Трасата е од трансформатор до центарот на Вевчани. Во трката ќе се вклучат поранешни и сегашни ученици во ОУ „Страшо Пинџур“ Вевчани. Овој настан е дел од програмата на манифестацијата „Вевчанско лето“ – информира градоначалникот Спасе Кочоски.
Организатор на настанот е Вевчани Турист инфо, а покровител општина Вевчани.