Турскиот конзул се сретна со градоначалникот на Струга
Во Струга се отвора можност за реставрација на амамот на Мустафа Челеби и изградба на саат кула, кои заедно со џамијата ќе претставуваат комплекс кој ќе привлекува туристи. За овај но и многу други проекти беше разговарано на денешната средба на градоначалникот на Струга, Зијадин Села со Абдураман Бајрактар, конзулот на Турција.
Струшкиот градоначалник Зијадин Села оствари средба со турскиот конзул Абдураман Бајрактар. Можностите за културна и економска соработка во фокусот на разговорите. Села смета дека има многу полиња за соработка со Турската држава но посебен акцент стави за можноста за реставрација на објектите кои датираат од среден век.
„Разговаравме за можноста на реставрација на амамот на Мустафа Челеби и изградба на саат кулата и тн низа проекти што ние како општина тешко ни е да ги изведеме бидејќи во меѓувреме таму изградени некои куќи. Мислам дека со помошта на турската држава од финансиски аспект ние ќе успееме за кратко време таму да имаме еден комплекс од џамија, амам и саат кула кои барем џамијата и саат кулата датираат 500 години датираат како објекти и тоа само по себи би било туристичка атракција и зошто да не ќе имаме вистинска чаршија во Струга“.
Подготвени сме со целиот наш капацитет да и помогнеме на општина Струга, изјави Абдураман Бајрактар, турскиот конзул. Тој воедно му посака успешна работа на струшкиот градоначалник.
„Знаете и вие самите дека Струга е една мултиетничка општина каде што има и претставници од турската националност така да заедно сите ние ќе придонесеме во општина Струга во иднина да има што повеќе културни, економски и секаков вид на соработки со Р. Турција. Мислам во минатиот период се направени одредени активности, меѓуто периодов што следи имаме конкретни проекти за кои сум убеден дека ќе се реализираат и се надевам дека за кратко време ќе имаме ефекти од денешната соработка“.
Села е убеден дека од големиот број проекти кои биле тема на разговор со неговиот гостин добар дел за брзо време ќе бидат реализирани и стружани ќе го почувствуваат бенефитот од истите.
{loadposition content9}