Skip to main content

Учениците од Лабуништа поради проблеми со бесплатниот превоз ги пропуштија часовите

Родителите најавија, доколку не се реши овој проблем ќе ги испишат своите деца од училиштата.

 |  Билјана Ќосеска  | 
liniski prevoznik
линиски превозник
Родителите најавија, доколку не се реши овој проблем ќе ги испишат своите деца од училиштата.

Средношколците од прва година од руралните средини  и денес ги испуштија првите часови, поради проблемите со бесплатниот превоз. За овој проблем јавно прозбореа родителите на учениците од село Лабуништа. Родителите крајно изреволтирани, кажуваат дека бесплатниот превоз воопшто не функционира. Сенада Башкими, родител на ученик од прва година кажува дека превозникот кој има лиценца за вршење таков превоз ги однел децата во училиште но не ги вратил дома.

„Децата губат часови сега кога треба да се ставаат отценки. Додека чекаат превоз шетаат по улиците  се додека не се испразнат комби возилата„-кажува Сенада Башкими, родител н а ученик.

Башкими во името на останатите родители од село Лабунашта бара итно да се изнајде решение за спроведување на бесплатниот превоз. Во спротивно најави дека  незадоволство ќе го изразат  преку страјк. Дел од родителите најави дека ќе ги испишат учениците од училиште.
Родителите реагирале до сите надлежни институции но досега нема никаков одговор. Директорите на двете средни училишта велат им излегле во песрет на учениците. Ги подготвиле списоците со податоци на уценици  кои имаат право на бесплатен превоз и ги испратиле до министерството. Директорката на Нико Нестор кажа дека е информирана за проблемот на децата  и оти се обиделе да им помогнат но неуспешно.

Senada Baskimi„Стапивме во контакт со министерството како и со превозниците од Струга кои добија лиценца за бесплатен превоз но никој не сака да ни објасни до каде е спроведувањето на овој превоз“-
Драгица Попоска, директор на  Нико Нестор.

ТВМ вчера информираше дека овој проблем не може да се реши пред се поради некоординираноста помеѓу самите линиски превозници. Меѓусебните препукување се на штета на  уцениците, во случајот околу 100 тина средношколци од Лабуништа.
И денес се обидовме да стапи во контакт со здружението на превозници „Исток“ со цел да добиеме информации како ќе се реши проблемот, но од таму  и денес го игнорираа нашиот повик.

 

{loadposition content9}