Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија
Со доделување на сертификати за најдобрите по натпреварите по информатика и англиски јазик, како и доделување на стипендии на најдобрите, учениците и менаџерскиот тим на 5 та приватна гимназија го заокружија крајот на учебната година. Денес во хотел Дрим, Струга се одржа традиционалното училишно рандеву на оваа гимназија.
Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија. И годинава по 5 ти пат учениците од оваа гимназија, свечено го одбележаа крајот на учебната година. Во една беспрекорна организација, со богата културно- уметничка програма, денес во хотел Дрим беа сумирани резултатите постигнати во текот на цела учебна година.
Училишното рандеву е место каде што ги доделуваме наградите и прославуваме, вели директорот на гимназијата Ајет Кариманоски. Тој воедно оваа пригода ја искористи да се пофали дека за новата учебна година воведуваат три нови смерови во рамките на нивниот образовен процес.
„Мене ми е драго што навистина одзивот на ученици оваа учебна година беше многу голем и за прв пат зедоа учество ученици од Битола, Ресен, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и другите региони. Во секој случај ние ја искористивме оваа прилика ова училишно рандеву да ги промовираме новитетите што ги нуди 5 та приватна гимназија, тоа се новите три гимназиски смерови, кои што се наши програми одобрени од МОН исто така трите нови наставни планови и програми од стручното образование, техничар за очна оптика, физиотерапевтски технилар и дизајнер за внатрешна архитектра“- вели Кариманоски.
Кариманоски нагласи дека нивната установа ги следи современите трендови. Тој за новата учебна година најави имплементација на смарт електронски табли, андроид апликацијата и таблет компјутерите.
„Како приватно училиште ние мораме да бидеме лидери, да диктираме стандарди и да бидеме на располагање на учениците во секое време. Нашето мото е тука учам тука не ценат“ – нагласи директорот.
На училишното рандеву беа доделени сертификати за најдобрите ученици и нивните ментори од натпреварите по информатика и англиски јазик. Исто така беа доделени и стипендиите за првонаградените ученици. Кариманоски на годинешните матуранти им ја честита матурата и истакна дека зацртаната цел била постигната, матурантите ги оспособиле во здрави, паметни, образовани и воспитани индивидуи кои понатака сами ќе можат да чекорат во нов и подобар живот и иднина.
{loadposition content9}