Skip to main content

Училиште од кое се раѓаат таленти

Четвртата  генерација  од приватното средно училиште  „Јахја Кемал“, си заминуваат со успеси и награди.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Четвртата  генерација  од приватното средно училиште  „Јахја Кемал“, си заминуваат со  успеси и награди.

„Во овие 4 години, научивме да се почитуваме меѓусебно и да ги цениме другите“, велат тројцата најдобри ученици од оваа генерација.

Yahya KemalАлександра Дејкоска, Жарко Данаилоски и Ѓоко Костојчиноски, се најдобрите ученици од четвртата генерација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Дејкоска и Данаилоски   како ученици во ова училиште, последниот успех го постигнаа со освојувањето на средбрен медал на натпреварот во Америка, каде настапија со свој проект за лековитото својство на невенот. Овај успех е еден од многуте кои го постигнавме, велат учениците. Во „Јахја Кемал“ стекнавме многу знаење и вештини, со тешко срце се разделуваме од ова училиште, вели матурантката Дејкоска.

Иако досега пракса било да се избере само еден ученик за најдобар во генерацијата овој пат направивме прекршок во тоа, вели директорот. Навистина имавме тежок избор, од 28 ученици наместо еден избравме тројца најдобри  ученици од овај клас, додава Шахин.

„Јахја Кемал“ , има постигнато големи успеси во регионални, државни и меѓународни натпревари. Со тоа, името на нашето училиште станува се позвучно и вратите на универзитетите за нашите  учениците се ширум отворени, вели директорот.

„Јахја Кемал“ веќе е препознатлива образовна инстритуција, токму поради тоа интересот за новите уписи е многу голем, кажува директорот.

„Бидејќи сега имаме нов објект и одлични просторни услови, во новата учебна година се предвидено е да запишеме 60 ученици или двојно повеќе од досега“, вели директорот Шахин.

 

 

{loadposition content9}