Укадени 16 LCD монитори од училиштето „Нико Нестор“
Синоќа се најдени истите во централното градско подрачје, но сеуште се трага по сторителите.
табла
Украдени 16 лцд монитори од средното стручно училиште „Нико Нестор“. Кражбата се случи во текот на ноќта помеѓу 16-ети и 17-есети февруари, со што е направена материјална штета од 80 илјади денари. Неофицијално дознаваме дека сторителите на ова кривично дело се група ученици. Лцд мониторите се сукрадени од кабинетот по хемија, кој се наоѓа на приземниот дел на училишната зграда.
Случајот за украдените 16 лцд монитори во полициската станица го пријавила директорката на училиштето „Нико Нестор“. Веднаш по тоа надлежните превзеле мерки за откривање на сторителите, и синоќа мониторите се пронајдени во централното градско подрачје поточно на ул.„ Македонска“.
Полициските служби и понатаму работат на откривање на сторителите како и на мотивите за кражбата. Против истите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

{loadposition content9}