Украдени сите икони во црква во струшко Радожда
Полицијата информираше дека моментно се врши увид во црквата и се трага по крадецот.
| | Струга
crkva Sv Nikola vo Radozda
Во текот на ноќта, крадец провалил во црквата „Свети Никола“ во струшкото село Радожда и оттаму ги украл сите икони. Полицијата информираше дека моментно се врши увид во црквата и се трага по крадецот.
Ова не е прва кражба во оваа црква. Пред помалку од еден месец од истата црква беа украдени 12 икони од 19 век кои се проценуваат на околу 30 илјади евра. Истата вечер кога била ограбена црквата „Свети Никола“ во Радожда, на мета на крадците била и друга црква во селото, но освен што била насилно отворена вратата, ништо друго оттаму не било земено.
{loadposition content9}