Skip to main content

Мурал култура

Уметност наместо говор на омраза

Финален настан, по долгиот процес на учење за мултикултурализам, радикализација и креативни алатки како дел од проектот во рамки на „Мултикултуралиам и радикализација – нови пристапи кон старите проблеми“.
 |  инфодеск  | 
Мурал струга

Млади индивидуи вклучени во процесот на уметничко покривање натписи со говор на омраза цртаа нов мурал посветен на Браќата Миладиновци.

Аква Здружение заедно со своите партнери и соработници остава пример за Струга и вложува во нови генерации кои ги разбираат различностите, ја сакаат заедницата и сакаат да бидат дел од нејзиниот развој.

Низ долгиот процес на учење за мултикултурализам, радикализација и креативни алатки како дел од проектот “Мултикултуралиам и радикализација – нови пристапи кон старите проблеми”, го одржавме последниот финален настан во заедницата, објави Аква Здружение на својот фејсбук профил.

Горан Ристовски ги водеше низ процесот на цртање, Лидија Мојсо им помогна да се направи видео запис кој ќе биде промовиран наскоро, НУЦК„ Браќа Миладиновци“, даде поддршка од технички аспект, а исто така и навивачка група „Паткари“ се придружија во процесот.

Проектот е спроведен во соработка со NEXUS Civil Concept, Civil Concept и Horizon civitas, а поддржан е од Civika Mobilitas.