До 01 ви февруари 2024 година двете влади на Македонија и Албанија се задолжени да го донесат Планот за ревитализација на Охридскиот регион. Клучните препораки на Унеско, од состанокот во Ријад, се однесуваат на урбанизацијата.
Препорака е за Деталните урбанистички планови покрај студија за влијанието врз животната средина, да се изработуваат и дополнителни студии за влијанието врз културното наследство. Експертите велат овој рок за Планот за ревитализација е краток и бара итни мерки од страна на двете држави.
„Овој рок е многу лимитиран нема повеќе од три четири месеци и треба итно да имаме голема соработка од страна на сите актери, со невладините организации и локалниот комунитет за да имаме вистински план за да му дадеме решение на овие проблеми”, вели Аријан Мероли експерт за културно и природно наследство.
Унеско изрази и особена загриженост за проектот во Дрилон -Тушемиште , се градат патеки и пристаниште во водите на Охридското Езеро без документи за влијанието на проектот врз животната средина.
„Унеско бара пред да започне секоја инвестиција да има документација која ќе покаже дека оваа инвестиција нема влијание врз овие вреднсоти кои ги поседува еко системот. Нема документ кој потврдува дека оваа инвестиција во Дрилон нема влијаие врз вредностите на Охридското Езеро и статусот како природно наследство на светот”, додава Мероли.
Препораките на УНЕСКО ги скараа општините Охрид и Струга. Мерко испрати сериозни обвинувања до општина Охрид и новинарите, на што реакција пристигна од градоначалникот Пецаков и од ЗНМ.
Новинар Соња Рилковска