Skip to main content

Донација

Униформи и опрема за струшките пожарникари

Командирот на ТППЕ Струга, Фети Мазари информира дека добиле комплетна опрема за технички интервенции за 22-ца пожарникари, како и алат и дрон за гасење шумски пожари, компресор за полнење на дишни апарати.
 |  инфодеск  | 
Униформи и опрема за струшките пожарникари

Професионални униформи, алати, апарати за гаснење пожари и дрон се дел од донацијата на Територијалната противпожарна единица во Струга, што ја доби од УНДП и Швајцарска агенција за развој во рамките на проектите „Постковид – општините како двигатели на одржлив развој” и „Зајакнување на општинските совети”.

Командирот на ТППЕ Струга, Фети Мазари информира дека добиле комплетна опрема за технички интервенции за 22-ца пожарникари, како и алат и дрон за гасење шумски пожари, компресор за полнење на дишни апарати.

Новата опрема ќе овозможи подобри услови за работа на струшките пожарникари, а со тоа и побрзи интервенции. Дронот ќе помогне во брза детекција на локацијата на пожарот, пристапноста на теренот, што ќе овозможи побрз пристап и реакција од страна на пожарникарите – истакна Мазари.

Униформи и опрема за струшките пожарникари

Toj додаде дека ова е дополнителна подготовка за престојната летна сезона кога пожарите се поактивни, а пожарникарите се секогаш спремни за извршување на задачите на терен за посигурен и побезбеден град и граѓани.