Skip to main content

Управните служби на ОВР Струга во старата општинска зграда

Управните служби на ОВР Струга во старата општинска зграда на ул Маршал Тито од денеска почнуваат со редовна работа.
 |  инфодеск  | 
Општина Струга

СВР Охрид ги известува граѓаните дека, управните служби при ОВР Струга, се префрлени во просториите на старата зграда на општина Струга, на улицата „Маршал Тито“ во Струга и од утре (25.11.2024), отпочнуваат со редовна работа. Работното време на управните служби при ОВР Струга, останува исто-од 08 до 16 часот.