Управувањето со отпадот на депонијата во Струга е обврска на општината, велат од МЖСПП
Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) потсетуваат дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините.
Оттаму посочуваат дека согласно Националниот план за управување со отпад 2021-2031 и регионалните планови, општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија.
-Во моментот се работи на воспоставување на регионален центар за обработка и систематизирање на отпад, кој ќе обезбеди трајно и системско решение за управување со отпадот во регионот. Сепак, додека овој центар не биде изграден и ставен во функција, општина Струга има должност редовно да ја одржува и исчисти постојната депонија, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Министерството за животна средина и просторно планирање останува достапно за поддршка во рамки на своите надлежности, но одговорноста за редовното управување и одржување на депонијата е на локалната самоуправа, велат од МЖСПП по последните случувања со депонијата во Струга