Уранија Попоска, во книгата „Талисман“
Зборува за тројца великани, кои во нејзиниот живот имаат посебно место. Нејзиниот татко Нико Нестор, очувот Петар Чајкар и нејзината мајка Вера.
Talisman

Имав детство различно од моите другарчиња, роднини и пријатели, со овие зборови ќерката на Нико Нестор, Уранија Попоска зборува за својот живот, кој е опишан во нејзината прва книга „Талисман“. Во неа ги преувеличува трите најзначајни личности кои оставија белег на нејзиниот живот, таткото, мајката и очувот. Попоска беше 10-месечно бебе кога почина татко Нико Нестор. Иако од тогаш се поминати 65 години, сепак чувствувам дека сеуште во мене живее младиот бунтовник, револуционер, големата личност во историјата, раскажува авторот на книгата. Попоска во „Талисман“ има подеднакво одвоено простор за ликовите кои успејаа да ја изградат неа како права персона.
„Мојата мајка која беше цврста како столб, и мојот притатко кои ме изградија како права личност и допринесоа да не почувствувам празнина за тоа што го немав мојот вистински татко„-вели Уранија Попоска, автор на книгата „Талисман“.
Во четивото, како што го нарекува Попоска, зборува и за својот очув, Петар Чакар, публицистот која има оставено белег по кој го препознаваат стружани. Тој воедно е и првиот директор на „Струшки вечери на поезијата“.
Меѓу двајцата великани се издвојува и уште една цврста и борбена личност, која има доживеано многу трауми, мајка која се разликуваше од сите останати. Вака го опишува Попоска ликот на нејзината мајка, Вера. За да ја запечатам вистината, не треба да си пистаел, вели авторот на книгата.
„Ова не е роман, јас не сакам да да ме третираат како пистел, единствено сакав да ги напишам моите доживувања бидејќи чувствував силна потреба“- вели Попоска.
„Талисман“ содржи многу фотографии преку кои авторот сака да ги запознае читателите, кој навистина беа Нико Нестор, Петар Чакар и нејзината мајка Вера.