Урбана опрема на секоја педа на струшките плажи, а за безбедноста се грижат само двајца спасители
Ресторани, кафе барови, шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема на секоја педа. Вака изгледаат плажите долж целото струшко крајбрежје. Речиси и нема слободен пристап до плажа, насекаде угостителски објекти.
Опозицијата обвинува, велат плажите во Струга со години се узурпирани. Наместо убрана опрема на брегот се изградени голем број бесправни објекти со цврста градба.
„Ослободување на градските плажи за граѓаните. Знаеме дека градскиуте плажи целосно се узурпирани од страна на локални моќници преку урбаната мафија која го конторлира градот. И граѓаните се спречени да ги користат плажите како добро од општ јавен интерес за сите” , вели Ален Деребан претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Струшките плажи ова лето се и потполно небезбедни, на цело крајбрежје ангажирани се само двајца спасители на вода. Концесионерите имаат законска обврска да ангажираат спасители на плажите, а инспекторите се должни тоа да го контролираат, велат од Центарот за спасување на вода.
„Секако дека концесионерите имаат обврска доколку ја користат плажата односно капалиштето имаат обврска тоа капалиште да биде безбедно, за капачите да се чувствуваат безбедно”, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст.
Од општина Струга велат угостителските објекти на плажите не се дивоградби, напротив имаат легални договори. Се што е на државно земјиште, а го користат приватни лица го наплатува општината.
Новинар Соња Рилковска