Skip to main content

Урбанистички план по желба

Предлог новиот урбанистички план ги вознемири станарите од зградите викани „Кули“.

 |  Биљјана Колоска  | 
plan
план
Предлог новиот урбанистички план ги вознемири станарите од зградите викани „Кули“.

Обвинуваат оти градоначалникот на Струга за свој интерес ќе им наштети на 150-тина жители. Сакал да изгади 4 згради на заедничкиот двор од станарите, кои сами го уредиле. Видот ни се затвара, пристап ќе нема ниту амбулантво возлило, велат станарите. Приговорот од жителите не е стигнат во рацете на надлежните, велат од одделението за урбанизам.

kulaЖителите од „Кулите“ застанаа против,  како што велат самоволието на градоначалникот Рамиз Мерко. Револтирани од измените на урбанистичкиот план на о.Струга здружени  побараа помош и од медиумите. Имено, околу 150 тина граѓани од трите кули, бараат да се спречи одземањето на  дворното место од пред нивните згради.

„Тој потег го средивме ние самите-сстанарите. Направивме, патеки, зелен појас и паркиралишта. Сега, градоначалникот Рамиз Мерко, поднел барање за денационализација на поголемиот простор во тој дел на градот, вклучувајќи го и овој потег“, раскажува Менка Опетческа, која јавно прозборе во име на останатите станари.

Првиот човек тврди дека горе наведениот простор е во сопственост на неговиот татко, тоа е негово право, но неможе истото во ваква состојба да му се врати, бидејќи сега тука се изградени стамбенизгради со инфраструктура.

„Поради тоа, тој сега пристапи кон измена на урбанискички план“, вели Опетческа.

Едногласно, со потписи од сите станатри на трите кули, на предложената измена на планот вложивме приговор и тоа на 13 претходниот месец. Сите сме против намерата на Локалната Самоуправа, вели Опетческа.
Приговорот сеуште не стигнал до рацете на надлежните, велат од таму.

Сооглед на актуелниот состав на Советот на о.Струга воопшто не не изненадува фактот дека предлог одлуката за овој урбанистички план ќе биде без проблем изгласана, вели Опетческа. Но тука не застануваме, додава таа.

Ваквите намери на градоначалникот се крајно недолични  и незаконски но и неизводливи, додава опетческа. Ние немаме ништо против,  Мерко да си го бара тоа што е негово,  но не на ваков начин и со овој метод, за интерес на една личност да страдаат одтанатите 150тина, додаде Опетческа.

{loadposition content9}