Урбанистичко дивеење на Јабланица
Се повеќе дивоградби на падините на Јабланица. Еколозитеалармираат, без дозвола за градба се градат вили и викендици во атрактивните шумски предели. Се случува целосна деградација, се сечат шумски комплекси, се градат патишта , се бетонира.
Критично е во Лабуништа, Горна Белица,Вишни,но и во и околу сите петнаесеттина населени села.
„Се злоупотребува терминот урбанизација, мислам дека тоа е дивеење, урбанизација е планска изградба,планско проширување и уредување на населбите, кај нас тоа се случува на див криминален начин каде што се запоседнува и државен имот, не на приватен викендици се градат и на државен имот“, вели Јован Секулоски од иницијативниот одбор за прогласување на Јабланица на НП.
Експертите велат Јабланица изобилува со природни реткости, извори, реки, езера, ендемична флора и фауна и треба да има сосема поинаква туристичка иднина.
„Имаме села кои што се живи, населението тука живее и твори. 0030Постојат можности да се нуди еколошки здрава храна, еколошки здрави предели се недопрени и чисти. Има и активизам во овие планиснки места од страна на голем број планинарски и велосипедски клубови“, вели Валентина Переска туризмолог.
Според еколозите, крај на урбанистичкото дивеење на Јабланица ќе се стави кога планината ќе се прогласи за Национален парк.
Новинар Соња Рилковска