Skip to main content

Уште еден вандалски чин

Од муслиманските горбишта во Струга украдени зимзелени дрвца кои вчера се зaсадени.

 |  Колоска Билјана  | 
logo
лого

Од муслиманските горбишта во Струга украдени зимзелени дрвца кои вчера се зaсадени. Синоќа непознати сторители зеле вкупно 50 стебла.

Muslimanski grobishtaНова штета на муслиманските гробишта во Струга. Синоќа засега непознати сторители  украдоа 50-тина зимзелени дрвца, засадени во текот на вчерашниот ден. Граѓаните но и иницијативниот одбор за уредување на просторот околу муслиманските гробишта, се запрепастени од ваквиот гест кој се случи во доцните вечерни часови.

„Утринава само што стигнав на ова место, кога  видов дека се украдени 50-тина стебла се разочарав од ваквиот нехуман однос од страна на одредени граѓани“-вели Ружди Османоски.

Од ситуацијата затекнати и од Исламската Верска заедница. Утринава и од таму со реакции. Незнаеме на кого му пречи тоа што се уредува просторот околу муслимансите гробишта за да посегне по ваков неморален чин, велат од ИВЗ. За само краток период ова е втор инцидент на ова место. Навистина нелогично е да размислуваме со чуварска служба да ги заштитиме муслиманските гробишта, додаваат од ИВЗ.

„Се работи за ваковно место тука  нема потреба да се поставува чуварска служба, затоа се надлежни полициските служби и на нив оставаме да ги откријат сторителите“-вели Максут Максутоски од  ИВЗ.

Граѓаните од иницијативниот одбор не попуштаат. Велат, по секоја цена ќе го реализираме  планот што го имаат зацртано за целокупно уредување на просторот околу муслиманските гробишта.
Граѓаните апелираат до надлежните органи да превземат соодветни мерки и во иднина да ги спречат ваквите појави. ТВМ дознава дека денес претставници од ИВЗ и МПЦ од Струга, на маса отворено зборуваат за зачестените појави на демолирање и кражби во верските објекти. Ќе бараат начин како да ги заштитат истите.

{loadposition content9}