Skip to main content

Уште една година по дупки, прашина и кал за жителите на Мислешево

Патот што минува покрај каналот во Мислешево останува неасфалтиран. Жителите на оваа приградска населба ќе мора барем уште една година да чекаат за да им се реши овој горлив проблем кој се провлекува со години и децении. Во овогодинешниот буџет не се предвидени средства за негово асфалтирање-вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

 |  Мишел Наумсоки  | 
misleshevo
Мислешево

Жителите на Мислешево со години и децении веќе се жалат на единствениот неасфалтиран пат кој води до оваа приградска населба. Решение барем засега нема. Во меѓувреме, жителите на Мислешево се снаоѓаат како што можат. Дупки од двете страни на патот, во летниот период прашина, а на есен кал и длабоки вирови со вода. Надежта за асфалтирање на овој пат се разгорува во предизборен период, но набргу потоа спласнува.

„Исклучиво канализацијава е направена во последниве години, таа е преку донација преку општинава. Покривање со шљуњак на овој пат најмалку е потребно да се направи десетина пати и на другите споредни улици. Секои две години правиме пополнување на дупките, посебно во зимскиот период, тогаш е катастрофално да се доаѓа тука.“-се пожали еден жител

„Јас овде живеам 30 години, улицава е иста како што ја гледате. Ја вадам секој ден, поради прашината што ни влегува во домовите. Улицава има 30 години кај што не е асфалтирана, имаме доставено барање до општината, се менуваат градоначалници ама никој не е заинтересиран воопшто.“-додава друг жител.

MisleshevoЖителите ни се пожалија дека редовно и кај сите досегашни градоначалници на Струга се обидувале да го актуелизираат овој проблем, но засега решение за него нема. А по се изгледа и оваа година ќе помине без да биде решен. Стапивме во контакт со Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, кој кратко ни објасна дека во овогодинешниот буџет не се предвидени средства за асфалтирање на овој пат, и дека решение на истиот ќе може да се очекува веќе од идната година. Се чини дека додека биде најдено решение за овој проблем, жителите на Мислешево и натаму ќе мора да голтаат прашина и да газат кал за да дојдат до своите домови. Добро…барем уште една година како што убедува градоначалникот Мерко. Дали ова ќе се оствари или ќе остане само празно ветување, ќе оставиме времето да ни покаже.

{loadposition content9}