Skip to main content

Уставен суд

Уставен суд ја отфрли преставката за споменикот на Косово во Струга

Судот зазема став дека во овој случај не станува збор за пропис кој подлежи на уставно-судска оцена, поради што ја отфрли  иницијативата поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
 |  инфодеск  | 
spomenik Struga

Уставниот  суд ја отфрли преставката за оценка на уставноста на одлуката  за поставување на  споменен обележје на Косово на кејот на реката Црн Дрим во центарот на Струга. На вчерашната седница, Судот зазема став дека во овој случај не станува збор за пропис кој подлежи на уставно-судска оцена, поради што ја отфрли  иницијативата поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

„Судот зазема став дека во овој случај не станува збор за пропис кој подлежи на уставно-судска оцена, поради што се настапени деловничките претпоставки за отфрлање на иницијативата. Во овој предмет одлучувачки е што Уставниот суд за вакви прашања веќе има воспоставено долгогодишната практика и го зазема истиот став кој во континуитет се почитува од 1999 година, па досега.“, стои во соопштението на Уставен суд.

Опозицијата и натаму тврди дека одлуката на советот за поставување на спомен обележјето е донесена спротивно на важечките урбанистички планови на општината, но  и споритвно на законот за меморијални спомен обележја.

-„Советот на општина Струга воопшто нема донесено програма ниту пак именувано одбор за поставување на спомен обележје. Како што гледате и самото спомен обележје и самиот споменик постои само симбол на од Косово, никаде не постои симбол од општина Струга, ниту од Р Македонија“ , вели Ален Деребан координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Мнозинството во струшкиот совет одлуката за поставување на спомен обележје ја донесе во октомври лани. Од општината   велат спомен плочата е додадена вредност за мултикултурна Струга.

Изградбата на споеникот на Косово во Струга започна на почетокот на годинава уште тогаш опозицијата реагираше дека се гради нелегално без техничка документација и проект.

Новинар Соња Рилковска