Skip to main content

Уште еден обид да се реши проблемот во „Нико Нестор“

Попладнево државниот врв заедно со локалната самоуправа, уште еднаш преку состанок ќе се обидат да го решат проблемот во „Нико Нестор“. Настава и денес не се одржуваше.

 |  Билјана Колоска  | 
tabla
табла
Централната и локалната власт денес по кој знае кој пат  ќе се обидат уште еднаш да најдат заердничко решение со цел да се надминат тензиите во средношколскиот центар во Струга. Попладнево, како што беше најавено  синоќа, државниот врв заедно со локалната самоуправа ќе се состане со директорите на училиштата, претставници на родителите како и професорите. Додека надлежните бараат решение да се надминат тензиите, во „Нико Нестор“ и денес училниците се празни,  нема настава.  Речиси иста е состојбата и во гимназијата „Ибрахим Темо“ која индиректно е инволвирана со проблемот која го гуши „Нико Нестор“.

Niko NestorТВМ неофицијално дознава дека во „Ибрахим Темо“ на настава денес биле само 3 паралелки и тоа од 1 година, присуствувале на првите два часови за потоа после големиот одмор да си заминат дома.
Државниот врв, локлната самоуправа, директорите на двете училишта, родителите, професорите како и учениците, најверојатно вечерва ќе изнајдат заеднички компромис, и учениците од утре да се вратат на настава.

Инаку, денешната средба ќе биде продолжение од онаа синоќа на која присуствуваа вицепремиерите Зоран Ставрески и  Абдулаким Адеми, министерот за образование и наука Перо Стојановски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска со  градоначалникот Рамиз Мерко, претставници на локалната самоуправа и директорите на „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“.

 

{loadposition content9}