Skip to main content

Уште една сериозна опомена до кабелските оператори низ Македонија

Кабелските оператори не се придржуваат кон препораките на  Советот за радиодифузија.

 |  Колоска Билјана  | 
dalecinski
далечински

Кабелските оператори не се придржуваат кон препораките на  Советот за радиодифузија.

телевизорТокму поради тоа, тие денеска повторно им порача да го прекинат реемитувањето на телевизиските програмски сервиси за кои немаат соодветна докумнетација. Тоа се однесува за програмите; хрватската  ТВ НОВА и ОБН од Босна и Херцеговина. За спорните тв канали досега  кабелските оператори  не обезбедиле соодветни докумнетација односно немаат авторски права за нивно реемитување во нашава држава. Советот за радиодифузија се одлучи на ваков чекор со цел да одговори на бројните претставки на  операторите, но и по консултации со спорните програми, ТВ НОВА и ОБН.

Инаку, за прекршување на законските прописи за реемитување на наведените програми, пред извесно време,  во Струга и Охрид пазарните инспектори превзедоа строги мерки. Во Струга при акцијата на инспекторите, неправилности се затекнати кај четворица кабелските оператори и против нив поднесени се  4 барања за прекршок до Основниот Суд во Струга.
Во Охрид пак, реемитување на програмите, но без документација, забележено е кај двата постоечки  кабелски оператори.
Интензивни акции ќе има и во иднина. Работата на кабелските оператори ќе се следи и понатаму, најавија пазарните инспектори од Охрид и Струга.

{loadposition content9}