Во текот на утрешниот ден, 23ти мај, петок, предвидена е акција за заловување кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на териоторијата на општина Вевчани, заради понатамошен стручен третман, информира градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.
Градоначалникот апелира до сопствениците соодветно да ги згрижат своите миленичиња, бидејќи при реализирање на минатата акција, биле заловени и домашни кучиња, кои во моментот на спроведување на акцијата биле затекнати на улиците.