Skip to main content

Од утре јазични смени во „Нико Нестор“

Новиот начин на одржување настава ќе биде привремено решение, кое ќе се применува до крајот на оваа учебна година.

 |  Билјана Колоска  | 
tabla
табла
Од утре во „Нико Нестор“ дефинитивно се воведуваат јазични смени. Ове е одлучено на средбата која утринава се одржа помеѓу министерот за образование, претставници од Советот на родители, Локалната самоуправа, професори како и директорите на двете средни училишта. Новиот начин на учење ќе се применува само во стручното училиште “Нико Нестор“.

Носењето на оваа одлука е реализирање на онаа, која пред една година ја  донесе училишниот одбор  а се однесуваше на воведување јазични смени, вели директорката на „Нико Нестор“. Таа е убедена дека новиот начин на одржување настава ќе ја промени состојбата со  меѓуетничките конфликти помеѓу учениците.
Директорката на „Нико Нестро“, Маре Бојчевска-Савевска, рече дека воведувањето на етнички смени нема да доведе до одвојување н аучениците по етничка линија. Според неа, со тоа ќе се зголеми безбедноста на учениците и истовремено со заедничака соработка, преку проекти ќе се зближат.

Niko NestorВоведувањето на јазични смени е пробно решение, со цел да се види дали на тој начин би се подобрила комуникацијата помеѓу учениците од сите етнички заедници, информира директорката. Јазичните смени ќе бидат ставени на тест до крајот на тековнава учебна година.
Албанските професори  и понатаму се против  јазичните делби.

„Не е добро да се врши поделба, учениците треба заедно да учат, да се дружат и  живеат.Тоа е ставот на учениците и професорите но и на меѓународниот фактор“-вели професорот Ресул Бектеши.

Професорите албанци за попладнево најавија средба со Советот на родители, на која ќе се разговара  за ново настанатата ситуација во „Нико Нестор“.

 

{loadposition content9}