општина вевчани
Утре прекин во напојувањето со електрична енергија во Вевчани
Утре ќе бидат изведени активности за подобрување на електричната мрежа во Општина Вевчани.
Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информираше дека на ден 18.06.2025 година (Среда), во периодот од 08:00 до 14:00 часот, поради изведување на активности за подобрување на мрежата во Вевчани, ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.


