Утре во Македонија од Албанија ќе бидат вратени 21 икона украдени од црквите во струшко
Утре во Македонија од Албанија ќе бидат вратени 21 икона кои биле украдени пред повеќе од десет години од црквите во струшко. Информацијата ја сподели синоќа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата Топ тема на Тв Телма.
Иконите, соодветно спакувани, со обезбедување од МВР ќе бидат преземени во Тирана и донесени во Музејот на Македонија, со што ќе биде заокружен двегодишниот законски процес на реституција на културни добра, прва во историјата на нашата држава, посочи министерката.
Утре стручен тим ќе ги отвори кутиите и иконите ќе треба да поминат до 45 дена, во констролирана затворена средина за да не се оштетат заради промена на атмосферски притисок, по што ќе може да бидат изложени за јавноста во Музејот на Македонија. Потоа ќе и бидат вратени на МПЦ “, рече Костадиновска-Стојчевска. МПЦ иконите ќе ги врати во црквите од каде што беа украдени и од Министерството се надеваат дека во иднина ќе се води повеќе грижа за подигнување на безбедноста на тоа културно наследство.
Иконите беа идентификувани во 2013та година од страна на Сашо Цветковски од МАНУ кога случајно ги видел на снимка од посета на премиерот на Албанија Еди Рама на депо со запленети артефакти од страна на Албанската полиција. Оттогаш започнала долгата процедура за враќање на иконите во Македонија во која биле вклучени повеќе институции како: Министерствата за внатрешни и за надворешни работи, Царинската управа, Министерството за култура, МАНУ.
Ќе останат уште дваесетина икони кои незаконски беа изнесени од државата за нивното враќање потребно е да се завршат процедурите“, посочи министерката.
До крајот на годинава ќе бидат вратени украдените икони запленети во Тирана | Портал ТВМ (tvm.mk)
Албанија ќе и ги врати на Македонија незаконски изнесените икони | Портал ТВМ (tvm.mk)
извор: ТВ Телма Фото: скриншот ТопТема / Влада на РСМ