Утре Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.
Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5.
Планирано е момчињата и девојчињата да играат во исти групи, но наградите за освоени места да се даваат одделно.
Турнирот е дел од традиционалниот турнир „Езерска Кралица“ кој оваа година слави 5 годишен јубилеј.