Пред самото отворање на реконструираниот затворен базен во Струга, непознати вандали ги искршиле прозорите.
„Еве како некои личности се среќни и благодарни за новиот пливачки базен кој сеуште не е ни официјално отворен и пуштен во употреба. Два-три дена пред големото отварање, денес имаме скршени прозорци со камен, и камења во базенот.“ – коментираат стружани на Фејсбук.
Се надевам дека овај вандалски чин за момент предизвика радост кај некого, напиша Сашо Коркутоски на Фејсбук директорт на подружницата ЕЛЕМ Струга.