Веб страната на општина Струга тешка за корстење
Дури и во Австралија се слушна за конфузната веб страната на општина Струга.
Сопственикот на високо тиражниот весник „Today“ напиша колумна во која отворено зборува дека во Струга се потиснува македонскиот јазик.
Минатава недела, по сугестија на еден пријател ја видов веб страната на Општина Струга „struga.gov.mk“. На неа, прво страницата се отвора на албански јазик, меѓутоа и откако ќе го кликнете македонското знаме , повторно 60 % од содржината е на албански јазик. – Ова е дел од колумната под наслов
„Од главата си патиме„ која е објавена во австралискиот весник „Today“. Авторот, а воедно и сопственик на високо тиражниот дневен печат, Игор Павловски, ги критикува вработените во општина Струга, како и институциите, бидејќи свесно сакаат да замижат пред истребување на македонскиот јазик. Дека тоа е така, потврдува веб страната на оваа општина, наведува Павловски во неговата колумна.
Навистина ваков проблем имавме пред извесен период, но сега тоа е регулирано, вели секретарот Зоран Гулицоски. Појаснува дека забуна се јавило бидејќи на истата адреса на општина Струга се отварале две веб страни. Едната веќе функционална, додека другата се користела за обука на лицата кои се задолжени за одржување на веб страната, и затоа текстовите биле пишувани само на албански јазик, објаснува Гулицоски.
И по тврдењата на секретарот дека содржините на веб страната на општината ги има и на двата јазици, ние повторно ја проверивме истата, и уште еднаш се потврдуваат нашите информации дека на мекедонската верзија на веб страната има текстови и на албански јазик.
{loadposition content9}