
Вевчани повторно станува сцена на уметноста, музиката, театарот и традицијата, каде во наредните два месеци посетителите ќе можат да посетат најразлични концерти, изложби, театарски претстави, хорски настапи и спортски настани.
Вечерва во 19:30 со настапот на женскиот аматерски хор ФРИДА од Скопје започнува културно-забавната манифестација „Вевчанско лето 2025“. Настанот ќе се одржи под водство на Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог.
-На нивниот репертоар ќе уживате во светски хитови од 60те, 70те и 80те, македонски евергрини и стари народни песни и госпел композиции и авторска химна. Следете нè за точна програма и локации. Добредојдовте во Вевчани – местото каде културата живее!, вели градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.
