Skip to main content

општина вевчани

Денес започнува „Вевчанско лето 2026“

Општина Вевчани со оваа манифесација одбележува три децении постоење
 |  инфодеск  | 

Преку богатата културно-уметничка програма на „Вевчанско лето 2026“ денеска ќе се прослави јубилејот 30 години Општина Вевчани.

Во текот на Jули и Aвгуст, Вевчани ќе биде домаќин на бројни културни, музички, литературни, ликовни, спортски и забавни настани, кои ќе ја прослават традицијата, културата и духот на нашето место. Манифестацијата ќе започне со „Фестивалот на зурлата и тапанот“ посветен на македонската изворна музичка традиција и нашето богато културно наследство во организација на Здружението „Оркестар со зурли и тапани” вечерва во 20 часот.

Очекувајте два месеци исполнети со незаборавни доживувања, врвни уметници, традиција, музика и заедничка прослава на три децении локална самоуправа. Вевчани живее со културата. Вевчани ја негува традицијата. Вевчани слави 30 години Општина Вевчани. Повелете на „Вевчанско лето 2026“ – лето исполнето со култура, традиција и незаборавни моменти!, порачуваат од Општина Вевчани.