Skip to main content

Велигденските празници донесоа многу гости во Струга

Сезоната ја отворија туристи од САД, Бугарија, Албанија и Грција.

 |  Билјана Колоска  | 
hotel Drim
хотел Дрим
Со велигденските празници започна и туристичката сезона во Струга. За продолжениот празничен викенд градов е полн со гости од земјава но и странство. Хотелските капацитети во струшкиот регион се полни повеќе од половина, задоволно кажуваат угостителските работници.


„Во хотел имаме гости од САД, Бугарија, Албанија и  Грција. За овие неколку дена, сместувачкиот капацитет е исполнет околку 65%. За почеток сме задоволни“-вели Љурзим Бакал, менаџер во „АД.Хотел Дрим“.

Од стартот на сезоната се задоволни и  продавачите на сувенири по градот. Велат дека прометот направен  од првите туристи, најавуваат бериќетна туристичка сезона.

turisti„Деновиве имавме доста купувачи, повеќето беа туристи од соседните држави, за почеток сме задоволни“-велат тезгаџиите.

Од општина Струга очекуваат дека ова лето  ќе имаат многу туристи. Веат дека максимално  вложуваат напори да ги реализираат нивните очекувања. Неуморно се трудиме туризмот во градот да го презентираме на најдобар можен начин, додаваат од таму.

Општата проценка на туристичките работници како и претставниците на Локалната Самоуправа е дека годинава ќе има речиси идентична туристичка сезона. Се очекува бројот на гостите да биде поголем за некој процент за разлика од минатите години.

{loadposition content9}