Во Велешта се заканува еколошка катастрофа
Велешта се соочува со сериозен проблем. Мештаните на ова едно од најголемите струшки села стравуваат од еколошка катастрофа и зараза од поголеми размери. Тоа произлегува од континуираното излњевање на фекалиите, поради нерешениот проблем со секундарната канализација.
eko katastrofa
Сериозна а можеби и последна опомена пред еколошка катастрофа. Струшкото село Велешта веќе десет години ги трпи последиците од нерешениот проблем со секундарната канализација. Мештаните велат дека фекалии се излеваат насекаде, постојат отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени, а посебно стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Првиот човек на селото Абдулкадри Шеи, вели дека години наназад, од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, но дека работата оди споро. Тој додава дека сериозно стравува од последиците кои можат да настанат поради овој нерешен проблем. Тој порача политиката да се тргне настрана како проблемот би се надминал.
Проблемот постои и ние сме свесни за тоа, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој рече дека во моментов, во Велешта интензивно работат на поставување секундарна канализација и примарен колектор. Мерко потенцира дека и вевчанската река која минува од селото, допринесува проблемот да се димензионира, но дека и тука се прават напори да се среди состојбата.
Престои уште доста работа и вложувања за да се санира цела работа во Велешта, вели Мерко. Додаде дека со тој зафат многу села ќе се средат, како што се Вевчани, Подгорци, Октиси, Враништа, Ложани и Делогожда. Секундарната канализација во Велешта се гради со средства од локалната самоуправа и од бирото за неразвиени подрачја. Мерко вели дека како локална, живо се заинтересирани до крај на 2012 год проблемот со секундарната канализација 80% да се надмине. Тој до граѓаните на Велешта апелира да се пријавуваат за приклучување во канализција со што ќе се спасат од јамите за кои даваат огромни средства, ќе се спасат од подземните води, а со тоа ќе и олеснат и на Локалната на Струга, во изведба и докомплетирање на зафатот, каде после се влегува и асфалтирање на улиците. Велешта е втора по големина населба на подрачјето на општина Струга оддалечена 8 километри од градот, со 1800 куќи и над 8000 жители. Претседателот на МЗ, Шеи вели дека само нивните печелбари годишно внесувале 2 милиони евра во државата, па одтука според него во ред е и државата да мисли малку на овој податок и да не жали на средства кога се работи за сериозен проблем, а не луксуз.

{loadposition content9}