Skip to main content

Веслачка федерација на Република Македонија

Отворен ден во веслање и Државно првенство во сабота во Струга

Настанот се организира во рамки на проектот „Веслање без бариери“, ко финансиран од Европската унија.
 |  инфодеск  |  ,

Веслачката федерација на Република Македонија ги поканува сите љубители на водените спортови на првиот Отворен ден во веслање, кој ќе се одржи на 20 јуни (сабота) во Автокамп АС – Струга, од 08:00 до 11:00 часот, каде ќе се одржи и Државното првенство во веслање.

Кко што информираат организаторите, посетителите ќе можат да се запознаваат со веслањето и неговите придобивки, да остварат средба со тренери и активни веслачи, но и да ги следат трките од Државното првенство.

Настанот се организира во рамки на проектот „Веслање без бариери“, ко финансиран од Европската унија.