Skip to main content

Вевчанци за 20 дена ќе добијата спортска сала

За 20 дена ќе биде ставена во употреба новата современа спортска сала во Вевчани. Малдите уште во април месец ќе може да ги користи игралиштата за ракомет и кошарка, а новата сала отвора можност за развој на спортскиот туризам како што најави градоначалникот Цветомир Угриноски на денешната прес конференција.

 |  Николоска Биљана  | 
vevcani
вевчани

sala vevcaniЌе се исполни одамнешниот сонот на вевчанската младина. За нецел месец свечено ќе биде пуштена во употреба новата сала, како што обелодени првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. Новата современа сала ќе биде од големо значење за сите вевчанци бидејќи уште од ова лето планирано било  да се формираат првите ракометни и кошаркарски тимови. Покрај овие спортови во салата ќе може да се игра одбојка и други спортови, вели Угриноски.

„Спортската сала е од големиот тип сали, со 500 седишта, изградена е во 2014 година е во завршна фаза останаа уште да се постави подот и да се монтираат седиштата. Веќе имам информации дека 40 деца одат на тренинг за ракомет и кошарка во Струга и околните места, нивните реодители се изложени на трошкови од април месец ќе можат да тренираат во Вевчани“ – вели Угриноски

sportska salaСпортската сала отвора можност за развој и на спортскиот туризам, посебно имајќи ја во предвид местоположбата на општината, потенцира Угриноски. Тој најави изградба и на дополнителни содржини.

„Веќе постои интерес од многу стручњаци кои работат во спортот да доаѓаат во Вевчани на припреми, посебно во летниот периот поради идеалните природни услови надморска висина од 850 метри, идеална за спортистите и покрај спортската сала сметаме да изградиме теретана која ќе овозможи подготовки“ – изјави градоначалникот.

Угриноски жали што во Вевчани нема доволно сместувачки капацитети, но ги зема во предвид хотелите во Охрид и Струга, се додека не се појават инвеститори да изградат 2 до 3 хотели во Вевчани со капацитет од 60 легла. Инаку вредноста на спортската сала е 800 000 евра, средства од Владата на Р. Македонија преку Министерството за образование и наука. Исто така и општината партиципирала со 3 милиони денари за подготовка на теренот за изработка на потпорни ѕидови и каптажа на еден извор за овозможување услови за изградба на спортската сала.

{loadposition content9}