Вевчанци ја погребаа Грција
„Ненедејно, после долго нервирање не напушти нашата мила сосетка бившата Турска провинција HELL ASS, Grcija Eladaa, во својата 181 година. Погребот ќе се изврши во центарот на Вевчани. Ова беше една од поспецифичните маски на Вевчанскиот карневал 2012 год.
Vevcanski maskembal

Покрај тоа, на годинешново најново карневалско издание се претставија уште и маските „Денот на дрвото“, Малечката невеста, Гадафи … и ред други Сите, која од која поинтересни, специфични, и карактеристични само за креативните Вевчанци.
И годинава Вевчанци покажаа дека ова е уште едно успешно фестивалско изадание. Карневалската треска веќе неколку дена го тресе Вевчани. Забавата под отворено небо започна уште синоќа со незаборавната журка која на присутните им ја приредија групите Ареа и Црвена Јабука.
Од рано утрово во Вевчани луѓе пристигнуваа од сите страни сакајќи да присуствуваат на главното дефиле на маски низ вевчанските улици. На гостите кои пристигнаа од цела Македонија, но и од странство им се исполнија очекуваањата. Карнавалот понуди многу интересни маски и смеење до солзи.
Меѓу присутните на Вевчанскиот карневал беше и министерката за култура Елезабета Канчевска Милевска која го отвори карневалот. Годинава во Вевчани присуствуваше и амбасадорот на Бугарија во Република Македонија, Вања Андреева.
Меѓу гостите е и група од Будва – Црна Гора кои специјално пристигнале за Карневалот во Вевчани. „Многу сме слушале за овој крај и за овој карневал. Сакавме да дојдеме овде и на лице место да се увериме за традицијата која овде се негува со векови.“ изјави Милорад Анѓељковиќ од Будва.
А градоначалникот пак на Вевчани Перо Илиевски – Задоволен од годинешниот карневал и од посетата на истиот. Илиевски им посака на посетителите убав помин на карневалот“.
Карневалот продолжува и во текот на вечерта. Ноќва Вевчанци и Гостите Новата Година ја дочекуваат на Вевчанските извори… Музиката и забавата секако нема да изостанат и преку ноќта. По исцрпувачката вечер карневалот завршува утре со палење на маските.
{loadposition content9}