Skip to main content

Вевчанци ќе учат во катастрофални училници

Условите се мизерни, но кога немаме друг  избор вака ќе ја протуркаме учебна година, вели актуелниот директор на училиштето.

 |  Билјана Колоска  | 
Вевчанци и оваа учебна година ќе учат во мизерни услови. Од септември,  наместо како што долго беше најавувано, да се изгради ново училиште, и оваа година настава за учениците ќе се  одржува во просториите на општинската зграда. 235 ученици ќе бидат сместени во несоодветни простори.
„Најминималните основни услови ги има. Далеку од оние кои ги бара едно информатичко општество. Се надеваме дека со заеднички напори ќе ја подобриме ситуацијата“- Марјан Костојчиноски, в.д директор во О.У. „Страшо Пинџур“ од Вевчани.

Овој проблем ќе се реши за скоро време, вели градоначалникот на О. Вевчани. Изградбата на новата училишна зграда во иднина ќе ни ги скрати маките. Всушност овој проблем е најгорлив кој моментално ја загрижува општината, затоа од моето доаѓање на градоначалничката функција веднаш се фатив за работа, вели Перо Илиески. Дефинитивно ново училиште може даочекуваме најкасно за една година, додаде првиот човек на општината. Имотно правните односи се решени, се е договорено да се започне со градба на објектот, информира градоначалникот.
„Ние во моментов ја расчистуваме парцелата за да може да започнат градежните зафати. Општината засега ги заврши своите обврски“-вели Перо Илиески, градоначалник на О.Вевчани.
Според информациите на Твм, Министерстово за образование и наука, има потпишано договор со изведувачот на градежните работи, основното училиште да биде изградено и пуштено во функција најкасно до 31.09 следната година.
Инаку, камен темелник на објектот се очекува да биде поставен во вторник,  на први септември.