Skip to main content

Општина Вевчани

Вевчани бележи солидна исполнетост оваа туристичка сезона

Најбројни се туристите од регионот и организираните групи од Холандија и Полска. Најмалата општина во земјава важи за автентична зелена приказна. Најпосетени туристички атракции се излетничките места, Јанков Камен, манастирот Свети Спас, Летничките езера и надалеку прочуените Вевчански извори.
 |  инфодеск  | 
Вевчани Би би си

Во ек на туристичката сезона Вевчани бележи солидна исполнетост. Најактуелни се еднодневни или викенд екскурзии. Најбројни се туристите од регионот  и организираните групи од Холандија и Полска.

Најмалата општина во земјава работи на поголема промоција и збогатување на понудата за задржување на туристите.

„Гостите од Холандија и Полска се доста присутни,гостите од скандинавските земји исто така не можеме да ги исклучиме и годинава чартер летовите кои што се отворија со Србија со белград исто така се надевам ќе придонесат и туристите од Србија да бидат присутни тука”, вели Ефимија Угриноска туристички работник од Вевчани.  

Вевчански извори

Возење велосипед по планинските патеки,  јавање коњи низ Јабланица, посета на бројните цркви и манастири во живописната природа  се дел од активниот туризам кој е главната понуда ова лето.

„Вевчани е атрактивна туристичка дестинација која е атрактивна особено во полето на алтернативниот туризам. Можностите што ги нуди Вевчани како туристичко место се големи, имаме бројни патеки низ планината Јабланица, исто така коњичкиот клуб може да понуди прошетки јавање со коњи  , додава Угриноска.

Општина Вевчани важи за автентична зелена приказна.  Најпосетени туристички атракции се излетничките места,  Јанков Камен, манастирот Свети Спас, летничките езера и надалеку прочуените Вевчански извори.

Новинар Соња Рилковска